ГФК Тиквеш со три засилувања

Македонскиот фудбалски прволигаш, Тиквеш објави дека во зимскиот преоден рок во своите редови ги донел бугарскиот интернационалец Николај Христов, младиот голман Мартин Дафков и левиот бек Глигор Дончев.

Христов доаѓа од Левски Лом, Дончев од Охрид, додека Дафков од редовите на Кит Го.

„ГФК Тиквеш официјализираше три трансфери во зимскиот преоден рок. Нови фудбалери на нашиот клуб се бугарскиот интернационалец Николај Христов, младиот голман Мартин Дафков и левиот бек Глигор Дончев. Дафков ни доаѓа од редовите на Кит Го од Пехчево, левиот бек Дончев пристигнува од Охрид, додека пак Христов кој игра во средниот ред доаѓа од Левски Лом каде беше капитен. Во текот на следните денови ќе следи нивна официјална промоција во дресот на Тиквеш“, стои во соопштението на ГФК Тиквеш.

Се вчитува...