Ги нема Меси, Роналдо и Ѓоковиќ – Наградата „Лауреус“ по долго време ќе припадне на друг спортист

Минатогодишниот добитник на наградата за најдобар спортист, Луис Хамилтон, повторно се најде на списокот на кандидати за престижната академија „Лауреус“. Лионел Меси, кој ја освои и титулата минатата година, сега не е меѓу номинираните. Џошуа Чептегеи (атлетика), Арманд Дуплантис (атлетика), Луис Хамилтон (Формула 1), Леброн Џејмс (кошарка), Роберт Левандовски (фудбал) и Рафаел Надал (тенис) се натпреваруваат за титулата „најдобар спортист на годината“.

Во женска конкуренција беа номинирани Ана ван дер Брехен (велосипедизам), Федерика Брињоне (скијање), Бригид Косгеи (атлетика), Наоми Осака (тенис), Венди Ренард (фудбал) и Бриана Стјуарт (кошарка). Даниел Бард (бејзбол), Кенто Момота (бадминтон), Алекс Морган (фудбал), Макс Парот (сноуборд), Микаела Шифрин (скијање), Алекс Смит (американски фудбал) се натпреваруваат за титулата „повратник на годината“.

Во конкуренција за „подвиг на годината“ се наоѓаат Ансу Фати (фудбал), Патрик Махомс (американски фудбал), Џоан Мир (Мото ГП), Тадеј Погачар (велосипедизам), Ига Швјонтек (тенис) и Доминик Тим (тенис).

Се вчитува...