Ги нема Нејмар, Кавани и Мбапе!? Не е проблем за ПСЖ!

Без поголеми проблеми стигна ПСЖ до триумф од 0-2 на гостувањето против Троја во 28. коло од шампионатот на Франција.

Тимот од Париз настапи без повредените Нејмар и Мбапе, но и без Кавани, Верати, Бен Арфа, Пасторе… за кои Унаи Емери се одлучи да ги одмори. Но, сето тоа воопшто не претставуваше проблем за ПСЖ кој до победата дојде со головите на Ди Марија во 47. минута и Нкунку во 77. минута од натпреварот.

По овој триумф, ПСЖ со 74 бода се зацврсти на првата позиција, повторно со 14 бода повеќе од второпласираниот Монако кој вчера победи против Бордо.

Се вчитува...