„Ги разбирам навивачите на Реал, тешко им е да признаат дека Меси е најдобар“

Поранешниот капитен на Барселона, Карлос Пујол осум сезони настапуваше рамо до рамо со Лео Меси, а како што вели Шпанецот, она што е Мајкл Џордан за кошаракта, тоа е Меси за фудбалот.

Легендата на каталонскиот клуб забележа 593 настапи за Барселона и 100 за репрезентацијата на Шпанија, и за него сфатливо е дека навивачите на Реал Мадрид никогаш нема да признаат дека Аргентинецот е најдобар на сите времиња.

„Разбирам дека на навивачите на Реал им е тешко да признаат дека Меси е најдобар, тоа е мислење како секое друго, но неговите голови го докажуваат тоа, тоа е објективен показател. Имавме среќа што толку долго можевме да уживаме со него. Кога ќе се сетам за настапите заедно со него, многу сум горд. Убеден сум дека Барса предводена од Меси ќе продолжи да освојува трофеи. Во Барселона веќе ги сруши сите рекорди и не знам дали во историјата ќе се појави нов играч како него. Премногу ја крена границата“ – изјави Карлос Пујол.

Се вчитува...