Ги сакам Рафа и Федерер, но Новак е најдобар тенисер на сите времиња

Легендарниот американски тенисер, Џон Мекинро, се вклучи во расправата за тоа кој е најдобриот тенисер на сите времиња.

За Мекинро нема дилеми, ниту Рожер Федерер, ниту Рафаел Надал, туку Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер во историјата.

„Новак е неверојатен тенисер, веројатно најдобар на сите времиња. Морам тоа да го признаам иако ги сакам Рожер Федерер и Рафаел Надал. Податокот дека продолжува да игра со таков борбен дух и желба е неверојатен иако загуби на стартот од УС Опен. Играше во финалето на Австралија Опен, полуфинале на Вимблдон годинава, до неодамна беше трет или четврти тенисер на светот. Сето тоа е неверојатно“, порача Мекинро.

Ѓоковиќ минатата недела го освои 102-от трофеј во кариерата откако победи на турнирот во Пекинг, но веднаш потоа загуби на мастерсот во Шангај уште на стартот, во второто коло.

Се вчитува...