Ги смирија страстите: Сари го носи Кепа во Лацио?

Кепа Аризабалага пристигна во редовите на Челси како огромно засилување за 80 милиони евра, но не ги исполни очекувањата. Шпанецот не успеа да се прилагоди на англиското првенство, а по големите „киксови“ на голот неговото место го превзема Едуард Менди.

Шпанецот оваа сезона настапи на само 14 средби при што прими 11 голови, а шест пати ја зачува мрежата недопрена. Челси сака да се реши од услугите на скапиот „втор“ голман, а за 26-годишникот има една изненадувачка понуда од поранешниот стратег на „сините“, Маурицио Сари.

Овие двајца имаа нерасчистени сметки на финалето на ФА Купот во 2019 година кога Челси по пенал-рулет изгуби од Манчестер Сити, а непосредно пред крајот на регуларниот дел Кепа одби да биде заменет со Вили Кабаљеро. На Лацио му е неопходен голман со оглед на тоа што Пепе Реина следната сезона ќе ја игра како 39-годишник па се чини дека Италијанецот и Шпанецот конечно ги смириле страстите.

Челси не може да најде купец за Кепа, па римскиот клуб ќе испрати понуда за едногодишна позајмица, опција што Сари се надева дека неговиот поранешен тим ќе ја прифати.

Се вчитува...