Гибралтар го објави поширокиот состав за дуелите со Ерменија и со Македонија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Гибралтар, Хулио Рибас,  објави состав  со 27 репрезентативци за натпреварите против Ерменија и против Македонија во Лигата на нации. Тој ќе смета речиси на идентичниот тим кој настапи и на претходните два меча, на кои беа остварени историски победи, а го врати и Адам Пристли.

На списокот на Рибас се најдоа следните имиња:

Голмани: Мет Кафер, Дејл Колинг, Кајл Голдвин.

Одбрана: Луј Енисли, Ерин Барнет, Итан Брито, Џозеф Чиполина, Рој Чиполина, Жан Карлос Гарсија, Итан Џоли, Ајмен Муелхи, Џејс Оливеиро, Хајсе Оливеро, Џек Сарџент.

Среден ред: Скот Балантин, Ентони Бардон, Ендрју Хернандез, Ентони Хернандез, Мајкл Негрит, Алајн Понс, Кевањ Роба, Грем Ториља, Лиам Вокер.

Напад: Тјај Де Бар, Ли Касјаро, Џејми Кумбис, Адам Пристли, Рис Стиш.

Се вчитува...