Гибралтарците со „шестка“ платија… Хет-трик на Димитар Митровски (ФОТО)

Младата репрезентација на Македонија со убедлива победа од 6-1 против Гибралтар ги заврши квалификациите за ЕП 2019.

На натпреварот кој се одигра на теренот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, избраниците на Добринко Илиевски од самите старт најавија дека се желни за реванш против Гибралтарците за оној пораз од 1-0 на првиот меѓусебен дуел. Па, на крајот гостите со „шестка“ си платија, колку за утеха за неуспешниот квалификациски циклус зад нас.

Агрон Руфати уште во 10. минута ја најави победата. Потоа погоди и Димитар Митровски во првото полувреме, стрелајќи за 2-0 во 33. минута.

Во второто полувреме во 48. минута погоди Давор Здравковски за 3-0. А откако гостите намалија преку Клинтон во 63. минута по грешката на голманот Ристо Јанков потоа следеше гол на Никола Ѓорѓев во 66. минута за 4-1. За да на крајот со уште два свои гола Димитар Митровски во 71. и во 73. минута заокружи со хет-трик.

Македонија по оваа победа заврши на претпоследното место во групата со 7 освоени бода од 10 меча, единствено пред Гибралтар кој остана на оние 3 бода од триумфот против македонската селекција. Од оваа група пласман на ЕП 2018 веќе обезбеди Србија, а за второто место ќе се борат Австрија и Русија во директна меѓусебна пресметка од 18 часот.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2019 – 10. КОЛО

МАКЕДОНИЈА – ГИБРАЛТАР 6-1 (2-0)

МАКЕДОНИЈА: 1. Ристо Јанков, 2. Ване Јованов, 5. Филип Трајановски, 6. Агрон Руфати, 10. Давор Здравковски, 11. Кристијан Трапановски, 17. Марио Крстовски (70`Милан Ристовски), 19. Тодор Тодоровски, 20. Тихомир Костадинов, 21. Димитар Митровски, 22. Никола Ѓорѓев (67`Енур Тотре).

Селектор: Добринко Илиевски

Се вчитува...