Гирона и одзема бод и на Барселона

Гирона продолжува со одличните настапи во повратничката сезона во Ла Лига. Откако претходно успеа да му одземе бодови на Реал Мадрид, овој пат новолијата ремизираше и без голови во натпреварот од 28. коло против Барселона на „Камп Ноу“.

Oчекувано Барселона беше подобриот противник во натпреварот, упати 16 обиди кон противничкиот гол, но гостите на гол линијата го имаа фантастичниот Газанига кој го одбележа натпреварот.

Аргентинецот го одбележа натпреварот со неверојатната одбрана во 37. минута кога буквално спречи гол со одбрана на самата линија.

И покрај нерешениот натпревар, Барселона ја зголеми предноста во однос на Реал Мадрид на врвот на табелата по 28. коло. Сега каталонците имаат +13 во однос на вечниот ривал, додека Гирона останува на средината на табелата, осум бода над опасната зона.

Се вчитува...