Главчев го напушти Работнички, но останува во Скопје

Горан Главчев реши предвреме да го заврши престојот во таборот на Работнички, потпишувајќи договор до крајот на сезонава со екипата на Академија ФМП.

Поранешниот капитен на Блокотехна минатото лето пристигна во Скопје потпишувајќи со Работнички, но како што одминуваше времето, така и неговата минутажа се повеќе се намалуваше. Во желба да настапува во тим каде ќе добие шанса да ги покаже своите квалитети, Главчев од неколкуте понуди на маса ја избра онаа на прволигашот од Кисела Вода.

Тимот на Академија ФМП пред извесно време го доведе Владимир Мирковски за нов тренер, а со доаѓањето на Главчев се добива и значаен адут во борбата за опстанок.

Се вчитува...