Главоболки за Нико Ковач пред Штутгарт

Баерн Минхен го стартуваше вториот дел од сезоната со импресивна победа на незгодното гостување против Хофенхајм, а пред баварскиот гигант викендов е нова задача, да се слави на домашен терен против Штутгарт за да се зголеми притисокот врз Борусија Дортмунд во трката за титулата.

Нико Ковач повторно се соочува со проблеми околу изборот на стартниот тим, поради отсуството на неколку првотимци.

Едно е сигурно, Рибери и Робен не тренираа во изминатиот период и нема да настапат со Штутгарт. Боатенг има грип и ќе видиме дали ќе може да помогне. На повреда се жалеше и Гнабри, кој денеска почна да тренира, па лекарите ќе треба да дадат зелено светло дали ќе биде во можност да игра викендов“ – истакна Ковачи.

Се вчитува...