Гледач заработи срцев удар на „Месталја“, дуелот Валенсија – Кадиз доцнеше

Поради укажување на лекарска помош на еден навивач на трибините на „Месталја“ во Валенсија, дуелот со Кадиз доцнеше неколку минути.

Брзата помош реагираше на трибините и му пружи прва помош на еден од фановите, па дуелот започна со петминутно задоцнување.

Гледачот веднаш беше пренесен во болница, во очекување на неговата здравствена состојба.

Се вчитува...