Гледајте ги на видео-стрим хокеарите во полуфиналната пресметка

Македонската репрезентација во хокеј на мраз вечерва со почеток во 20 часот го игра мечот од полуфиналето од „Девелопмент купот“ што се одржува во Германија, за земји кои немаат затворени арени за активно играње на овој спорт.

Македонските хокеари забележаа три победи од стартот на овој шампионат, по што како прворангирани влегуваат во полуфиналните пресметки. Таму за ривал ќе ја имаат Андора, репрезентација што во текот на вчерашниот ден ја совладаа со 9-4 и според сите прогнози ниту денеска не би требало да им претставува сериозен ривал.

Преносот од полуфиналниот настап на македонските хокеари може да го проследите во живо на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...