Глигоров: Да се биде тренер на Вардар е чест, но и обврска

Никола Глигоров е новиот шеф на стручниот штаб на Вардар, откако поранешниот фудбалер на „црвено-црните“ беше именуван како ВД-решение по одлуката за разделба од досегашниот тренер Горан Симов.

Вардар има само една победа по првите четири второлигашки кола, па јасно е дека Глигоров се наоѓа пред огромен предизвик да се докаже како прв тренер, со што би добил и можност да остане на оваа функција до крајот на сезоната.

„Ми претставува огромно задоволство и привилегија што ја добив довербата од управата на клубот да бидам вршител на должноста шеф на стручен штаб на ФК Вардар. Во исто време ми претставува огромна одговорност пред целокупната јавност а посебно пред нашите најверни навивачи “Комити” чија поддршка многу ја ценам. Голема благодарност до досегашниот шеф Горан Симов за се што направи за ФК Вардар и нас колегите. Имам голема доверба во стручниот штаб и играчите и се надевам дека за брзо време ФК Вардар ќе се врати во првата лига и ќе освојува трофеи”, изјави Глигоров.

Се вчитува...