Глигоров: Пелистер не е за потценување, но Шкупи мора на победа во Битола

Во желбата за продолжување на трката за лидерската позиција на крајот од есенскиот дел, Шкупи денеска против Пелистер во Битола во атак но нови три бода.

„Пелистерци“ се во длабока криза поради што и тие посакуваат бодови, но свесни се дека ќе биде повеќе од тешко против фаворитот Шкупи.

„Не чека исклучително тежок натпревар против Пелистер затоа што на домашните силни им се неопходни бодовите. Без разлика на местото на табелата Пелистер не е за потценување и мора максимално сериозно да му пристапиме на натпреварот ако сакаме три бода. На претходниот натпревар со Беласица им се вративме на победите, и секако сега сакаме да продолжиме на тој начин“ – вели десниот бек на Шкупи, Филип Глигоров.

ПМФЛ – 15. КОЛО (денеска, 13 ч.)

Скопје: ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ

Струга: СТРУГА ТЛ – АК. ПАНДЕВ

Тетово: РЕНОВА – СИЛЕКС

Битола: ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ

Струмица: БЕЛАСИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП

ВЧЕРА

БОРЕЦ – ШКЕНДИЈА 0-2

Се вчитува...