Глигоров: Подготовките на Вардар се одвиваат според планот

Тренерот на Вардар, Никола Глигоров истакна задоволство од одработените подготовки на „црвено-црните“ во Анталија, како и од изданието на тимот на првиот и засега единствен пријателски меч против Ска Ростов и победата од 2-0.
„Поминаа 23 дена од стартот на подготовките и работите се одвиваат според зацртаниот план. Одработивме голем број на тренинзи на кои се посвети внимание на физичката подготовка, меѓутоа фокус се стави и на тактичкиот елемент за екипата да биде спремна за предизвиците кои ни претстојат оваа пролет“, вели Глигоров кој истакна дека Вардар секогаш оди на победа, без разлика дали е пријателски или првенствен натпревар.
„Задоволен сум од прикажаната играта на првиот контролен натпревар и остварената победа од 2:0. Иако резултатот не беше во прв план, како членови на најтрофејниот клуб сите ние сме обврзани да одиме на победа на секој натпревар без оглед дали станува збор за првенствен или за пријателски. Ни остануваат уште 3 натпревари на кои што ќе ја темпираме формата и максимално квалитетно да го одработиме остатокот од престојот во Анталија“, заврши Глигоров.

Се вчитува...