ГН на Јапонија: Пол позиција за Верстапен, но може да биде казнет

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен имаше најдобро време во квалификациите на ГН на Јапонија на патеката „Сузука“, и утре би требало да стартува од првата позиција на трката.

Сепак, првото место на Верстапен и натаму не е потврдено со оглед дека би можел да биде казнет поради инцидентот кога за малку ќе се судреше со Ландо Норис. За да избегне судар со Холанѓанецот, Норис мораше да излезе од патеката, и притоа загуби време. Макс му се извини на пилотот на МЕкларен.

Од втората и третата позиција би требало да стартуваат пилотите на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинц. Како четврти ќе стартува Перез од Ред Бул.

Се вчитува...