Гнабри паузира најмалку еден месец

Баерн Минхен скапо ја плати куп-победата над нисколигашот Минстер по повредата на раката што ја заработи Серж Гнабри на самиот почеток од овој натпревар.

Гнабри се здоби со скршеницата на раката и во следните денови ќе замине на операција, но веќе е извесно дека Тухел подолг период ќе мора да се снаоѓа без помошта на крилниот офанзивец. Како што информира весникот „Билд“, паузата ќе изнесува најмалку еден месец, а би можела да биде и уште подолга, во зависност од времето на заздравување по хируршкиот зафат.

Ова значи дека Гнабри дефинитивно ќе ги пропушти и октомвриските натпревари на германската репрезентација против САД и Мексико, на кои Нагелсман ќе ја почне својата авантура како селектор на германскиот национален тим.

Се вчитува...