Гнабри: Секогаш сум инспириран кога играм во Лондон

Серж Гнабри повторно блесна на натпревар во Лондон, откако му даде четири гола на Тотенхем германскиот репрезентативец вечерва двапати го матираше голманот на Челси, најавувајќи ја убедливата победа од 0-3 на Баерн Минхен. Лондонската престолнина дефинитивно има посебно значење за Гнабри, кој во тинејџерските денови го носеше дресот на Арсенал, при што на девет средби одиграни во Лондон во периодот од 2012 до 2014 година не успеа ниту еднаш да се запише меѓу стрелците.

Не знам што е причината, но секогаш сум инспириран, секогаш играм добро во Лондон. Имам голем број на пријатели во овој град, вечерва беа во стадионот да ми дадат поддршка. Можеби тие ми дадоа сила да одиграм толку добро. Победата е апсолутно заслужена, извршивме голем притисок врз Челси, создадовме шанси и успеавме да реализираме три од нив“, изјави херојот на вечерашниот триумф на баварскиот гигант.

Се вчитува...