„Го**ари, оставете го моето семејство на мир!“

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ е лут поради тоа што беше обвинет дека се зарази со коронавирус на одмор бидејќи не ги почитувал мерките препишани од Светската здравствена организација. Српскиот стратег жестоко ги нападна сите тие кои го нападнаа обраќајќи им се со погрдни зборови.

„Големиот Енцо Ферари еднаш кажал дека Италијанците простуваат се освен успехот, а јас додавам и среќата. Многу има љубомора и безбобразни луѓе околу нас. Како ги викаат по друштвените мрежи? Хејтер? Јас би ги нарекол го**ари. Не направив ништо погрешно. Секогаш го напаѓате волкот, бидејќи вие сте овци. Г**нари. Нанесувате болка на моето семејство, оставете ги на мир!“, порачаМихајловиќ. 

Синиша Михајловиќ имаше навистина бурна година бидејќи покрај тоа што беше заразен со коронавирус, тој претходно успеа да се избори и да ја победи леукемијата.

Се вчитува...