Анхел ди Марија при секој допир со топката беше исвиркуван од навивачите на Манчестер Јунајтед, а работите „забегаа“ откако пред еден корнер од трибинат на домашните фанови до Аргентинецот долета шише со пиво.
Неговата реакција беше шампионска, Ди Марија тргна да се напие, навлекувајќи уште поголем бес од навивачите пред да го фрли шишето крај аут-линијата. На крајот, тој имаше причина за задоволство, ПСЖ славеше со 0-2, а аргентинскиот ас асистираше при двата гола што ги постигнаа Кимпембе и Мбапе.
Фановите на „црвените ѓаволи“ по денешниот меч дефинитивно уште повеќе ќе го мразат аргентинскиот фудбалски велемајстор, кој блескаше за сите клубови за кои што играше освен за Манчестер Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА