Навивачите на Ливерпул добро го помнат Маркос Љоренте, играчот на Атлетико Мадрид кој во претходната сезона со два гола на „Енфилд“ го исфрли Ливерпул од Лигата на шампионите, а Шпанецот сега би можел да потпише за актуелниот англиски шампион.
Иднината на Џиџи Вајналдум во Ливерпул се уште е неизвесна, договорот на Холанѓанецот истекува следното лето, а доколку не го продолжи истиот со „црвените“ неговата замена во средината е спремна. Како што пренесуваат англиските медиуми, тимот од „Енфилд“ веќе има започнато иницијални разговори, меѓутоа многу зависи и од Атлетико Мадрид.
25-годишниот играч од средниот ред пристигна во Атлетико од редовите на градскиот ривал Реал во 2019 година за сума од 40 милиони евра, претходното лето изјави дека желбата му е да успее во Мадрид, меѓутоа повик од Ливерпул не се добива често. Доколку „црвените“ успеат да заработат од трансфер на Вајналдум, би ги имале и потребни финансии за ангажман на поранешниот член на младинската репрезентација на Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА