Фудбалерот на Интер, Матео Политано е вистински „скандал- мајстор“ во Италија. Сето тоа го чинеше развод од сопругата Силвија Ди Винченцо.
Силвија се сомневале дека сопругот ја изневерува, па изнајмила приватен детектив кој на крајот од истрагата имал што да и каже. Детективот утврдил дека Матео веќе неколку месеци се гледа со атрактивната Џиневра Соци, па Силвија се одлучи да го остави.
Се работи за поранешната девојка на фудбалерот на Јувентус, Паоло Дибала. Новата двојка веќе не крие дека се заедно.
Политано зимава најверојатно нема да остане на „Џузепе Меаца“. Беше на чекор од трансфер во Рома, но сето тоа му пропадна па кариерата би можел да ја продолжи во Наполи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА