Го одушеви Пирло на првиот меч и доби петгодишен договор од Јувентус

Младиот дефанзивен играч за врска, Џанлука Фработа, против Сампдорија го имаше дебито во Серија А, одигра фантастичен меч и веднаш доби нов петгодишен договор од Јувентус. Тој со играта го воодушевил новиот тренер Андреа Пирло кој веднаш испратил порака до раководството да го „врзе“ младиот фудбалер на подолг период во Торино. Подготвен е договор до јуни 2025 година, а Пирло му најавил на Фработа дека ќе биде во сериозна конкуренција за составот на „старата дама“ во текот на оваа сезона.

Фработа е дете на Болоња и во 2019 година дојде во Јувентус како талентиран фудбалер, а досега играше во Б-тимот на италијанскиот шампион. Пирло направи реконструкција на тимот по доаѓањето на клупата, го вклучи во првиот тим и му даде шанса уште на стартот, а Џанлука Фработа ја искористи на најдобар можен начин.

 

Се вчитува...