Го откачи Челси за Барселона, сега е на трансфер-листа

Лидс имаше постигнато целосен договор во текот на летниот преоден рок за да го продаде Бразилецот Рафиња на Челси, но целиот трансфер пропадна бидејќи одличниот офанзивец не сакаше да се пресели во Лондон, инсистирајќи на трансфер во Барселона.

Преговорите траеја долго, Лидс на крајот се согласи на нешто пониска отштета од онаа што беше договорена со Челси, но Рафиња сега најверојатно жали за изборот – откако се најде на трансфер-листата во својот нов клуб. Само неколку месеци беа доволни за тренерот Чави да се разочара од скапо платеното засилување, кое се почесто се наоѓаше на клупата за резерви откако беше сигурен стартер на почетокот од сезонава.

Последните информации од Шпанија говорат дека Барса за да ослободи простор за нови трансфери ќе мора да се ослободи од некој од најскапите фудбалери, а изборот паднал токму врз Рафиња. Фактот дека на таа позиција крилен офанзивец каталонците ги имаат Дембеле, Ансу Фати и Феран Торес се причината поради која Рафиња ќе биде продаден, а парите ќе бидат реинвестирани во нов дефанзвивец.

Се очекува Барселона да бара 50 милиони евра, сума под онаа што ја платија летово, се со цел што поскоро да ја комплетираат продажбата. Челси и Манчестер Јунајтед се споменуваат како тимови кои сакааст да го вратат Рафиња во Премиер-лигата.

Се вчитува...