Го победи Ливерпул, но златниот медал го продаде за да си купи кокаин

Дефанзивецот на Сао Паоло, Флавио Донизете, беше член на легендарната генерација на овој клуб што во 2005 година стигна до титулата светски клупски првак, откако во финалето во Јокохама го совлада Ливерпул со 1-0. Донизете беше еден од најдобрите поединци на тој натпревар, но потоа неговата кариера вртоглаво почна да паѓа откако фудбалерот стана зависен од наркотици.

Тој откри и дека го продал златниот медал од тој клупски мундијал за околу 3.000 евра, откако му снемало пари за да купи дрога.

„Медалот ми значеше многу, но го продадов и си купив кокаин за 3.000 евра. Дрогата ја исшмркав за два дена. Тоа беше мојот живот, колку повеќе пари имав, толку повеќе трошев на дрога. Пиев многу, а дрогата ми го поништуваше ефектот на алкохолот. Си велев дека можам да пијам колку што сакам, кокаинот ќе го решеше тој проблем“, вели открива Донизете.

Се вчитува...