„Го почитувам Давид како фудбалер, но како човек е нула“

Реал Сосиедад потврди дека ги договори услугите на Давид Силва. Шпанецот по десет години одлучи да го напушти Манчестер Сити и да се врати во татковината. Сепак, многу се изненадени што го избра Сосиедад бидејќи скоро беше договорен трансферот во Лацио. Искусниот средниста имаше договор со Лацио на три години, а тимот од главниот град на Италија веќе ги закажа и медицинските прегледи. Сепак, Силва одлучи да го одбие Лацио и да потпише за тимот од Сан Себастијан. Оваа одлука ги погоди сите во Лацио, а спортскиот директор на клубот Игли Таре е разочаран од Шпанецот.

„Го почитувам Давид како фудбалер, но не и како човек“, порача Таре. 

 

 

Се вчитува...