Го посети во болница кога имаше рак, а сега одиграа меч во МЛС меѓу себе

Прекрасна приказна ни доаѓа од Соединетите американски држави и МЛС лигата. На натпреварот од 2. коло во новата сезона ЛА Галакси го совлада Шарлот на гостински терен со 0-1, но главна приказна од натпреварот не е конечниот резултат туку двајца фудбалери на двата тима.

Имено младиот Крис Хегарт кој е дел од Шарлот во 2009 како дете имал дијагностициран рак. Искусниот Саша Клјестан кој сега игра во ЛА Галакси тогаш го посетил Херат во болница и му подарил дрес.

Хегарт успеал да ја победи тешката болест и да успее да стане професионален фудбалер, а сега играше и против човекот со кој во 2009 година направи заедничка фотографија во болница.

 

Се вчитува...