Го постигна голот на сезоната, а потоа предизвика масовна тепачка (ФОТО+ВИДЕО)

Кемар Руфи во судиското надополнување на натпреварот меѓу Стандард Лиеж и Глазгов Ренџерс во првото коло од Лигата на Европа го постигна голот на сезоната. Тој од својата половина го матираше голманот на белгискиот тим  но неговата прослава предизвика незадоволство во редовите на Стандард Лиеж. Тој го прослави голот со покажување на буквите „А“ и „Л“ на знаковен јазик, што фудбалерите и навивачите на тимот го сфатија како покажување на името на најголемиот ривал на Стандард Лиеж, Андерлехт.

Поради тоа настана мешаница која мораше да ја смири главниот судија на мечот. Руфи е поранешен фудбалер на Андерлехт, од каде летово за 5 милиони премина во Глазгов.

Се вчитува...