„Го спасив тренерот од Шек, но мене ме фрли како кеса чипс“

Шекил О’Нил е човек со кој ретко кој би сакал физички да се пресмета. Легендарниот НБА кошаркар беше вистински ѕвер во своите најдобри години, а со висина од 216 сантиметри и преку 150 килограми беше апсолутно доминантен на паркетот.

Во едно интервју, Хаслем откри дека Шек тргнал физички да се пресмета со тогашниот тренер на Хит, Пет Рајли, и дека на крајот тој настрадал.

„Се обидов да го задржам Шек, а тој ме фрли како кеса чипс. Се обидов да го спасам Пат, но Шек ме зграпчи и ме фрли на подот, иако само се обидував да го спречам. Замислете како ќе беше ако тргнеше по мене?“, се сеќава Хаслем.

Самиот Удонис Хаслем исто така е огромен човек. Има висина од 203 сантиметри и над 120 килограми, но не смеел ниту да помисли да му се спротистави на Шек.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DR. SHAQUILLE O’NEAL Ed.D. (@shaq)

Се вчитува...