Го виде ли некој Антоан Гризман?

Антоан Гризман по завршувањето на СП 2018 се пофали дека чувствувал како го достигнува нивото на Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Вечерва бевме сведоци колку е само тоа далеку од вистината, откако францускиот напаѓач беше еден од најслабите играчи на теренот во Торино.

Тотално безопасен кон противничкиот гол, но и изолиран за да ги поврзе акциите на својот тим, Гризман беше само нем опсерватор на шоуто на Кристијано Роналдо.

„Знаевме дека ќе биде тешко, но не влеговме во натпреварот како што посакувавме. Се чувствувам дека јас сум виновен, немав свој ден и тоа се одрази врз играта на целиот тим. Ни недостигаше цврстина во одбраната, брзина во нападот… Јувентус беше подобар во сите елементи на фудбалската игра. Кристијано е голем играч способен да направи разлика на секој натпревар. Во Мадрид успеавме да го неутрализираме, но вечерва работите тргнаа во лош правец за нас“ – истакна Гризман по поразот од 3-0.

Се вчитува...