Годините се само број: Хет-трик на Лионел Андрес Меси за прва победа на Аргентина на СП 2026! (ВИДЕО)

Фудбалерите на актуелниот светски шампион Аргентина со победа над Алжир од 3-0 ја стартуваа одбраната на титулата во меч од Ј групата од Мундијалот кој се игра во САД, Канада и Мексико.

Натпреварот почна возбудливо. По само пет минути игра Лионел Меси ја затресе мрежата на Лука Зидан, но поради мал офсајд неговиот гол беше поништен. Само три минути подоцна и Алжирците беа лишени од прослава на гол, бидејќи погодокот на Чаиби исто така беше поништен поради офсајд.

Во 17. минута сепак бевме сведоци на погодок и тоа не на било каков, туку на еврогол во режија на неверојатниот Лионел Андрес Меси кој во својот 200 настап за „гаучосите“ стигна до 14 погодок на Светските првенства.

Argentina [1] – 0 Algeria – L. Messi 17'
byu/West_Agent4651 insoccer

Сите дилеми во второто полувреме ги разреши Лионел Меси кој со својот 15 гол на Мундијалите во 60. минута зголеми на 2-0 за гаучосите.

Argentina [2] – 0 Algeria – L. Messi 60'
byu/West_Agent4651 insoccer

Конечните 3-0 ги постави феноменалниот Лионел Меси во 76. минута кој го заврши мечот со хет-трик и се израмни на вечната листа на врвот со Мирослав Клосе со по 16 постигнати гола на Мундијалите.

Argentina [3] – 0 Algeria – Lionel Messi 76‎'‎ hat-trick
byu/West_Agent4651 insoccer

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...