Ѓока: Имаме „плус четири“, но трката за титулата е долга

Шкендија славее над Беласица и ја зголеми предноста во однос на второпласираниот Шкупи на четири бода, но тренерот Ернест Ѓока ги предупреди своите избраници дека не смее да дојде до опуштање во таборот на тетовци.

Проблем за Ѓока претставува повредата што ја заработи Мурати, поради што овој фудбалер најверојатно ќе ги пропушти последните натпревари од

„Иако игравме против последниот тим на табелата, ме радува што концентрацијата беше на максимум. Си ја завршивме домашната задача, победивме нов домашен натпревар и ја зголемивме предноста пред ривалите. Единствен проблем е повредата на Мурати, искрено се надевам дека не е ништо сериозно. Со оглед на формата, имаме потенцијал да продолжиме со добри игри, да ги користиме шансите што ги создаваме. Разликата е четири бода, не е голема, мораме да бидеме внимателни и фокусирани бидејќи пред нас се гостувања кои можат да бидат многу тешки“, изјави Ѓока.

Се вчитува...