Ѓока: Мораме да бидеме внимателни против Рига

Шкендија утре ќе и гостува на летонска Рига во првиот натпревар од двомечот во 2. коло од новоформираната Конференциска лига на УЕФА. Тренерот на тетовци, Ернест Ѓока вели дека неговиот тим мора да биде внимателен на овој меч.

„Рига е шампион на Летонија и затоа мора да бидеме внимателни. И тие како нас имаат свои амбиции. Детално го анализиравме противникот и верувам дека ќе имаме добро издание“, изјави Ѓока.

Арменд Алими вели дека се ќе се решава во реваншот во Скопје.

“Ова ќе биде тежок меч за нас, Рига има квалитетен тим и ние го респектираме. Сепак мора да бидеме свесни дека утрешниот меч нема да решава ништо, се ќе се одлучува во Скопје на реваншот. Мора да бидеме паметни, внимателни ако сакаме да го оствариме резултатот кој нас ќе ни одговара“ рече на пресот Алими.

Се вчитува...