Тетовска Шкендија ја заврши полусезоната како есенски шампион во Првата македонска фудбалска лига. Мала дамка на одличната полусезона на тетовскиот клуб остави поразот во последното коло од Пелистер на домашен терен со 0-1.
Тренерот на Шкендија, Ернест Ѓока вели дека дуелот со Пелистер требаше да го добијат, но едноставно таков е фудбалот.
„Меч кој не смееше да го загубиме. Натпревар кој требаше да го добиеме, но во фудбалот се случуваат и такви работи. Секако не е лош крај. Мораме да се помириме со поразот, не е ни важно дали беше пенал или не. Треба сите да преземеме одговорност. Тргнувам од себе прво јас преземам одговорност за поразот. Секако, мислам дека тимот одигра одлична полусезона, а од ваквите натпревари треба да учиме и во следните мечеви да ги корегираме грешките. Сега одиме на пауза, малку да одмориме, а потоа да почнеме со подготовки за пролетниот дел“, вели Ѓока.
По 18 одиграни кола Шкендија е на врвот на табелата во ПМФЛ со 39 бода, односно шест повеќе од второпласираниот Шкупи и третата Македонија Ѓорче Петров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА