Ѓока: Шкендија покажува дека има квалитет за титула

Шкендија на убедлив начин, со триумф од 1-5 го доби дербито со Вардар во Скопје. Тренерот Ернест Ѓока е задоволен со изданието на неговиот тим, посебно како фудбалерите одговориле на предизвикот откако Вардар прв поведе.

„Задоволен сум како реагираше тимот по примениот гол. Вардар брзо поведе, но и ние одговоривме експресно и го покажавме нашиот квалитет. Тимот ја презеде доминацијата, создаваше шанси и имавме одлична завршница. Ова е тоа што ни треба, остваривме важна победа над голем ривал, ја зголемивме уште повеќе самодовербата и продолжуваме во исто темпо. Долго е првенството, а Шкендија покажува дека има квалитет за титула“, изјави Ернест Ѓока за официјалниот сајт на клубот.

Се вчитува...