Ѓока: Шкендија со новите засилувања ќе биде посилна во пролетниот дел

Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ернест Ѓока е задоволен од досегашните трансфери на „црвено-црните“ истакнувајќи дека неговиот состав ќе биде многу посилен во пролетниот дел со новите засилувања.

„Одбиравме единствено фудбалери за позициите кои ни беа неопходни. Верувам дека со новите засилувања ќе бидеме посилни во пролетниот дел. Генерално целта на овој преоден рок ја исполнивме, имаме квалитетни засилувања па сега останува добри подготовки пред почетокот на пролетната сезона“ – вели Ѓока.

Според стратегот на Шкендија достижна е и разликата на Вардар од осум бода…

„Тимот има победнички менталитет, и тоа е најважно. Мислам дека и негативата од осум бода не е недостижна. Се надевам дека ќе ја намалиме разликата и на крај ќе стигнеме до посакуваната цел, одбрана на титулата“ – истакнува Ернест Ѓока.

Се вчитува...