Ѓоковиќ брзо ја заборави Австралија, ќе настапи на турнирот во Дубаи

Првиот рекет на светот, Новак Ѓоковиќ по неславната приказна со австралиските власти и неговата депортација од земјата поради што остана без шанса да ја брани титулата на Австралија опен, продолжува понатаму.

Тој ќе настапи на турнирот во Дубаи што ќе биде негово прво учество годинава на турнејата. Турнирот во Обединетите Арапски Емирати на програмата е од 21. до 26. февруари, а Србинот ќе може да настапи бидејќи во оваа земја не е потребна вакцинација за влез, туку само негативен ПЦР тест.

 

Се вчитува...