Ѓоковиќ: Чекам добри вести од САД

Новак Ѓоковиќ вчера се закити со својот седми трофеј на Вимлдон. Србинот го совлада австралиецот Ник Кирјос со 3-1 по сетови, и така ја осигура својата 21. грен слем титула.

Останува нејасно дали Ѓоковиќ ќе може да настапува на последниоте Грен Слем годинава во САД, со оглед дека таму има забрана за влез на странски државјани кои се невакцинирани. Новак се надева дека „здравствената политика“ ќе се смени во земјата и дека ќе може да настапи на УС Опен.

„Сега сум на одмор. Ќе одморам следните неколку недели, а потоа ќе ги чекам и се надевам на добри вести од САД. Ако и тоа не се случи, тогаш нема да трчам за бодови. Ќе видиме каков ќе ми биде распоредот“, изјави Ѓоковиќ. 

Се вчитува...