Ѓоковиќ доби дозвола за учество на Ролан Гарос

Вториот тенисер во светот ќе може да настапи на турнирите во Франција, откако оваа земја го укина ковид сертификатот. Тој ќе биде дел од АТП 1000 мастерсот во Монте Карло кој на програмата е следниот месец, а што е уште поважно ќе може да ја брани титулата на вториот гранд-слем турнир во сезоната Ролан Гарос.

Француската влада ги укина ковид-сертификатите, што значи дека невакцинираниот Србин ќе може да допатува во оваа земја. За потсетување тој беше депортиран од Австралија во јануари месец поради тоа што е невакциниран и не му беше дозволено да ја брани тутулата на гранд-слем турнирот кој се игра во „Мелбурн парк“.

Ѓоковиќ во моментов нема право да игра на турнирите во САД и дефинитивно ќе ги пропушти мастерсите во Индијан Велс и Мајами, а до УС опен кој на програмата е на крајот на август останува да видиме што ќе се случи и дали Америка исто така ќе ги укине ковид-сертификатите.

Се вчитува...