Ѓоковиќ доби „корпа“ од Канада: Секој што планира да настапи на турнирот мора да биде вакциниран!

Новак Ѓоковиќ, ова лето посакуваше да игра барем на турнирите во Канада, но тоа најверојатно нема да се случи, особено ако се има в предвид дека вакцинацијата овде е задолжителна.

Ваква потврда пристигна и од организаторот на турнирот во Монтреал. Тој ја отфрли можноста Србинот да се најде на листата учесници ако дотогаш не се вакцинира.

„Ситуацијата е јасна – или Канада ќе ги смени правилата во однос на барањето потврди за вакцинација против Ковид-19 или Ѓоковиќ ќе реши да се вакцинира. Сметам дека во моментов ниту едно од овие ве сценарија не е реално“, изјави Ежен Лапјер.

Инаку, турнирот во Канада е закажан веќе следниот месец, 8 август.

 

 

Се вчитува...