Ѓоковиќ е прв финалист во Париз

Новак Ѓоковиќ е прв финалист на Мастерс-турнирот во Париз откако во одличен меч славеше над Григор Димитров со 2-0 во сетови (7-6, 6-4).

Бугарскиот тенисер беспрекорно парираше во првиот сет, но шансата ја пропушти при 5-4 во тајбрејкот, кога имаше чист волеј, но стрелаше во аут. Ѓоковиќ ги доби и следните два поени, поведе со 1-0, а потоа направи брејк во вториот сет и стигна до финалето.

Во мечот за титулата првиот носител ќе се сретне со подобриот од дуелот Надал – Шаповалов.

Се вчитува...