„Ѓоковиќ е толку глуп што дозволи политичарите да го користат како пиун“

Новак Ѓоковиќ и понатаму е главна тема во светските медиуми откако веќе петти ден е во т.н притвор во Мелбурн и чека да види дали ќе биде примен во Австралија. Посебно внимание привлече текстот на новинарот на британски „Гардијан“, Барни Рони напиша текст во кој зборува за целата ситуација.

Посебно одекна пасусот во кој Рони пишува дека Ѓоковиќ е многу глуп бидејќи дозволил да биде пиун на австралиските политичари.

„Колку е глуп Новак Ѓоковиќ? Доволно да дозволи Скот Морисон да го користи како пиун, органски гоена мртва мачка фрлена на маса добредојдена како дистракција во година на избори. Морисон тоа го откри во интервју на телевизија. Да, премиерот на Австралија смешкајќи се потврди дека неговата гранична полиција делува на основ на информации, претчувства и претходни реакции на јавноста. Сето ова е изрежирано понижување. Морисон беше под притисок поради слабата администрација, поради недостиг на опрема за тестирање, поради пожарите и новите случаи на коронавирус“, стои во текстот на „Гардијан“. 

Сослушувањето пред судот во Мелбурн на Новак Ѓоковиќ ќе почне точно на полноќ, а пресудата се очекува да биде донесена во раните утрински часови во понеделник по средноевропско време.

Се вчитува...