Ѓоковиќ експресно до полуфинале во Париз

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ експресно се пласираше во полуфиналето на последниот Мастерс во годината кој се игра во „Берси арената“ во Париз откако во четвртфиналето го совлада грчкиот тенисер со убедливи 2-0, по сетови (6-1 и 6-2).

Србинот во ниту еден момент во мечот не му дозволи на младиот грчки тенисер да се понадева дека може да стигне до нова победа по онаа од пред месец дена во Шангај. Во полуфиналето Србинот ќе се сретне со Григор Димитров кој во првото четвртфинале беше подобар од Чилеанецот Гарин со 2-0 (6-2 и 7-5).

Се вчитува...