Ѓоковиќ емотивно: Извини Белград, тешко е кога „моторот“ ќе откаже

Новак Ѓоковиќ сеуште чека на првата титула во 2022 година откако во финалето на Србија Опен пред домашната публика беше поразен со 2-1 од рускиот тенисер Андреј Рубљов. Србинот лошо го започна натпреварот, а откако успеа да изедначи во тешкиот втор сет, Руснот без проблеми со 6-0 славеше во одлучувачкиот за титулата.

По натпреварот „рекетот број еден“ им се извини на навивачите за поразот во финалето, и им се заблагодари за поддршката во текот на целиот турнир.

„Жал ми е што вака заврши финалето, жал ми е бидејќи Вие допринесовте да дојдам до финалето. Ви се извинувам на сите кои дојдовте тука денеска и не видовте борба во третиот сет. Но, тоа е спортот. Кога нешто ќе откаже во моторот, тешко оди, посебно на ова ниво. Прекрасно е чувството да играм пред вас. Срцето ми е полно со убави емоции благодарение на вас. Андреј, честито, ти си голем шампион, одличен дечко и Србија и Белград те сакаат. Дојди ни повторно, те молам“, изјави Ѓоковиќ по мечот.

Се вчитува...