Ѓоковиќ емотивно скршен за Бекер: Не можам да верувам, премногу сум тажен … се молам за него

Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ даде коментар за одлуката на судот во Лондон кој го испрати легендарниот Борис Бекер во затвор.

Бекер беше осуден на две и пол години поради прекршување на правилата по прогласувањето банкрот, одлука која донесе реакции, а една од нив дојде од Ѓоковиќ кој имаше неколкугодишна успешна соработка со германскиот ас.

„Не можам да верувам, моето срце е скршено. Тој е мој пријател, долги години, три години ми беше тренер, некој што го сметам за многу близок и кој многу придонесе за моите успеси и за мојата кариера. Ми беше многу тешко. не знам што друго да кажам. Не би сакал да навлегувам во детали за пресудата бидејќи не сум во позиција да направам нешто такво, но како негов пријател сум многу тажен. Нема што многу да се каже. Се надевам дека тој период ќе го помине во затвор и кога ќе излезе, ќе може да го продолжи животот. Не знам дали да го употребам зборот нормално, бидејќи животот се менува за секој што оди во затвор, особено долго време. Не знам како ќе биде. Ќе се молам за него. Се надевам само дека ќе има добро здравје, пред се ментално здравје, бидејќи тоа ќе биде најпредизвикувачкиот дел“, изјави Ѓоковиќ.

Се вчитува...