Ѓоковиќ гази како во најдобрите времиња, ќе го дочека ли Надал во полуфиналето во Мадрид

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Мастерс-турнирот во Мадрид откако прворангираниот светски тенисер одигра уште еден одличен меч, славејќи над Хуркач со 2-0 во сетови.

Откако играше доста променливо на турнирот во Белград, Србинот покажува далеку подобри изданија во Мадрид, па без многу мака го совлада полскиот тенисер кој знае да биде многу незгоден за ривалите. Првиот сет почна фуриозно за Новак, кој ја искористи првата брејк-шанса и набрзина поведе со 3-0, по што рутински ја одржа предноста и го доби сетот со 6-3.

Вториот дел од мечот почна со израмнета битка, но Ѓоковиќ успеа да стигне до брејк при 3-3 и стигна до клучна предност. При 5-3 тој не искористи две меч-топки на сервис на противникот, но затоа во следниот гејм рутински ја заврши работата на свој сервис, триумфирајќи со конечни 6-3, 6-4 за пласман во финалето.

Следен ривал на Србинот ќе биде подобриот од мечот меѓу Шпанците Надал и Алкараз, што е на програмата во 16 часот.

Се вчитува...