Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Гркот Стефанос Циципас со 2-0 во сетови на стартот од Завршниот АТП турнир во Торино, Италија.
По нешто повеќе од еден час и пол игра, Ѓоковиќ славеше со 6-4 и 7-6 (4), со тоа успешно го почна Завршниот турнир и Циципас го остави без можноста на крајот од сезоната да биде најдобар тенисер во светот.
Србинот десетти пат во кариерата го победи Циципас, од вкупно 12 меѓусебни дуели.
The squeak of the shoes. The slide. THE SHOT.@DjokerNole THINGS 🤯#NittoATPFinals pic.twitter.com/Um9Kubpt6c
— Tennis TV (@TennisTV) November 14, 2022
Во оваа група и Андреј Рубљев славеше против Данил Медведев со 6-7, 6-3 и 7-6 (7).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА