Ѓоковиќ изненади – ќе игра на турнирот каде Федерер сурово доминираше

Новак Ѓоковиќ изненади многумина со одлуката да ја прифати поканата за да учествува на турнирот во Базел, што е дел од АТП 500 серијата и ќе се одржи оод 24 октомври до 1 ноември.

Претходно се очекуваше Србинот да земе одмор по турнеата во Азија каде ја освои титулата во Пекинг и потоа испадна во првото коло на Мастерсот во Шангај, но Ѓоковиќ се премисли и реши да ја прифати поканата да биде дел од турнирот познат по доминацијата што на него ја имаше Роџер Федерер.

Новак настапуваше во Базел во периодот од 2009 до 20111 година, а токму во 2009 година стигна и до трофејот, во финалето победувајќи го Роџер Федерер кој во својата колекција има десет титули во Базел.

Иако не станува збор за Мастерс-турнир, конкуренцијата нема да биде нималку лесна ако се знае дека досега своето учество го потврдија Шелтон, Оже – Алијасим, Фриц и младиот бразилски бисер Жоао Фонсека, кој воедно и ќе го брани трофејот освоен лани во Базел.

Се вчитува...