Ѓоковиќ ќе гради бизнис-империја во Дубаи

Новак Ѓоковиќ не доби дозвола да отпатува за САД и да настапи на турнирите во Индијан Велс и во Мајами, па српскиот ас времето го искористи за кратко патување во Дубаи.

Најдобриот светски тенисер не отиде туристички, туку за повеќе информации за реализација на својот бизнис проект, инвестирање во стартап-бизниси во Обединетите Арапски Емирати. Доказ за тоа е и фактот дека Новак за време на својата кратка посета се сретнал со Шеикот Хамдан бин Мохамед Ал Мактум, како и со Калфан Бехлул, генерален директор на фондацијата „Dubai Future”.

„Научив многу лекции од тоа искуство, ја сакам возбудата нешто да направам од нула, да изградам проект од темели, така правам паралела со својот живот и кариерата. Додека разговараме, мојот деловен тим разгледува различни локации за инвестирање на капиталот што го поседувам. Како што веќе имам кажано, Дубаи е сериозен приоритет, овој град е многу важен за мене како тенисер, го користев и за туризам и за база за тренинг, сега сакам тоа да биде и место на мои сериозни инвестиции“, изјави Ѓоковиќ.

Се вчитува...